ЈАНЕВ: Парите кои требаше да завршат кај вистински загрозените категории на граѓани, завршувале кај измамници
Првиот човек на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Александар Јанев, информираше дека вчера е реализиран нов случај што открива сериозно коруптивно и несовесно работење на лица вработени во здравствениот сектор и други приватни дејности.
„Откривме мрежа составена од поединци кои со години ја злоупотребувале јавната служба, без грам морал и достоинство. Со фалсификување документи, дијагнози, мислења и вештачења, овозможувале лица кои не ги исполнувале условите да добијат државна помош“, вели Јанев.
Според информациите од БЈБ, овие лица овозможувале незаконски пристап до парични средства за туѓа нега и инвалидски пензии, при што биле потрошени значајни средства од буџетот, кој се полни преку трудот и даноците на граѓаните.
„Парите кои требаше да завршат кај вистински загрозените категории на граѓани, завршувале кај измамници и членови на оваа мрежа кои се збогатувале на наша сметка. Ова е неприфатливо“, додаде тој.
Јанев нагласи дека борбата против криминалот продолжува со несмален интензитет.