Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

Двајца советници од советничката група на СДСМ во Советот на општина Кисела Вода, преминаа во ВМРО-ДПМНЕ.

Станува збор за советници од политичките партии ЛДП и ДС кои беа во советничка група со СДСМ. Тие сега ја напуштија советничката група на СДСМ.

Оваа информација ја објави самиот градоначалник на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, кој им изрази благодарност на двајцата советници.

„Благодарност до Јане Петковски и Елизабета Стефковска што ги препознаа победничките политики кои носат подобра иднина за нашите жители.  Да живее Македонија, порача градоначалникот на Кисела Вода“, Орце Ѓорѓиевски.

https://www.facebook.com/reel/429705893021973

Слично

Поврзани вести