Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈАНЕ ЧЕНТО ЗА ИГОР ЈУГ: Не дочекавме да се израдуваме на слободата заедно, Ивана нема да бидеш сама

ЈАНЕ ЧЕНТО ЗА ИГОР ЈУГ: Не дочекавме да се израдуваме на слободата заедно, Ивана нема да бидеш сама

Јане Ченто по повод смртта на Игор Југ вели дека тој е првата жртва на трулиот систем. 

Вели дека последниве 8 години во тешки маки преживувале.  Тие беа осудени за упадот во Собранието на 27 април во 2017 година. 

„Многу пати сум зборувал со него дека не можат да не разберат надвор низ што се поминуваме и каков пекол ни ги направија животи. Ние бевме цврсти пред надворешниот свет, но душата ни знае како се чувствувавме внатрешно. Игор е жртва на системот и тоа не смее да остане неказнето, тоа му го должиме и него и на неговото семејство. Оние што го направија ова имаат име и презиме и мора да одговараат! Стари (како што го викав во него), нека ти е лесна земјата. Долго време поминавме заедно во ќелиите, и тага и радост слававме заедно…Не дочекавме да се израдуваме на слободата заедно. Сочувство до семејството на Игор Југ. Ивана, нема да бидеш сама ни ти ни децата. Збогум Стари, нека Господ ти ги отвори рајските порти бидејќи ти беше таков човек“, му напиша Ченто.

Погребот ќе се оддржи утре, сабота во 14 часот на Градските гробишта Куманово. Посмртните останки ке бидат изложени во 11 часот. 

Слично

Поврзани вести