ЈАНЕ ЧЕНТО ПОРАЧА: Еден ден ќе огрее сонцето на слободата
За упадот во Собранието на „крвавиот четврток“, Јане Ченто доби 15-години затвор, како обвинет во случајот.
Тој не побара да се брани од слобода до правосилност на пресудата, затоа што како што рече, секако ќе биде напишана некоја службена белешка со која ќе биде вратен во притвор.
„Не се плашам од затворот. Вие ме осудивте, историјата ќе нè ослободи. Еден ден ќе огрее сонцето на слободата. Да живее Република Македонија“, изјави Ченто.
Судот денеска им изрече казни во времетраење од вкупно 211 години на обвинетите за упадот во Собранието на 27 април 2017 година. Највисока казна доби тогашниот висок полициски функционер Митко Чавков, 18 години затвор.
Слично
