Јане Ченто: Не барам куќен притвор или слобода, моите браќа се во Шутка
Eден од обвинетите за „крвавиот четврток“, Јане Ченто, денеска на јавна седница во Апелациониот суд ја образложи својата жалба со која бара укинување на притворот.
Ченто изјави дека притворот му е одредуван со копирани решенија на судовите, без аргументи. Тој посочи дека неговото решение е копија од друг обвинет, односно пишувало дека има болно бебе, и дека дал гаранција од 600.000 евра, што не е точно.
„Не барам куќен притвор или слобода, моите браќа се во Шутка. Знам дека жалбата ќе ми ја одбиете и за тоа сум свесен! Вратете ме во Шутка. Во вакво време чест е да бидете во затвор или убиен“, рече Ченто.
Вели дека чуствувал селективна правда, поради што 11 месеци е во притвор.
Неговото барање за укинување на притворот прртходно беше одбиено од Кривичниот совет кој не ја прифати понуденатат гаранција од 530.000 евра. Гаранцијата ја обезбедил од своите соседи кои се подготвени ги заложат своите куќи и да гарантираат за неговата слобода.
Тој е еден од 32 обвинети за настаните од 27 април минатата година во Собранието, кога топла влезе внатре и тепаше пратеници.
