Јане Ченто ќе ја тужи Вилма Рускоска за 27-ми април?
Јане Ченто најави дека утре ќе сподели информации за поднесување кривична пријава против поранешен јавен обвинител и ќе бидат изнесени детали и аргументи поврзани со постапката за настаните од 27-ми април. Според иницијалите што ги споменува, веројатно станува збор за обвинителката Вилма Рускоска, објави Независен.
„Време е за вистинска правда и вистината за ,,27 април”. Ве покануваме да присуствувате на прес-конференција која ќе се одржи на 27 април 2026 година во 12 часот пред Основното јавно обвинителство“, се вели во најавата.
На прес-конференцијата ќе бидат споделени информации за поднесување кривична пријава.
Слично
