Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јане Ченто и Нинџа добивале наредби од Чавков, а му се лути на Груевски оти ги оставил на цедило

Јане Ченто и Нинџа добивале наредби од Чавков, а му се лути на Груевски оти ги оставил на цедило

На крвавиот четврток ништо не се случило случајно, а екс директорот на БЈБ Митко Чавков таа ноќ не презел свесно никаков дејство.

Ова стануванјасно од денешнот излагање на обвинителката Вилма Русковска која пред судот рече дека откако почна процесот на судење на овој случај се случиле многу работи.

– Сведокот С1 кажа дека Јане Ченто постојано бил во комуникација и добивал наредби од Митко Чавков,  а по настаните заедно со Нинџа постојано се сретнувале со Чавков на кого му биле лути дека ги организирал по наредба на Никола Груевски, а сега ги оставил сами на цедило, кажала Русковска, пренесуваат медиумите, дополнувајќи дека обвинетиот Митко Пешов дури после 20 часот се јавува и мобилизира 13 припадници на ПЕП од касарната во Ѓорче Петров, кога веќе имаме раскрварени глави во Собранието.

Обвинителката Русковска во завршни зборови детално ги објасни и  посочи доказите и сведоците изнесени пред судот, како и сите дејствија што требало а не ги презеле сите вработени во МВР кои тој ден биле на работа.

Слично

Поврзани вести