Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈАНДРОКОВИЌ: За жал вашите преговори формално уште не се отворени и тоа не е коректно

ЈАНДРОКОВИЌ: За жал вашите преговори формално уште не се отворени и тоа не е коректно

Не е коректно што не ги отворивте преговарачките поглавја, изјави денеска во Скопје,  Гордан Јандроковиќ, претседател на хрватскиот Сабор. 

„Се надеваме дека нашето партнерство во НАТО ќе биде надградено со вашето членство во ЕУ. Нам, во Хрватска, ни е важно што одлуката за отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија беше донесена за време на нашето претседавање со Унијата во март 2020 година. Но, за жал и по 5 години вашите преговори уште не се формално отворени. Тоа не е коректно. Имајќи го тоа предвид, го разбираме нетрпението на вашите граѓани. Хрватска високо ги цени вашите постигнувања и смета дека заслуживте многу поголем напредок и ќе ве поддржи на европскиот пат. И ние поминавме многу напорен пат до членството, и врз основа на нашето искуство, ви велиме дека треба да истраете“, рече Јандроковиќ.

Јандроковиќ се сретна со собранискиот спикер Африм Гаши на која разговарале за европскиот пат, продлабочување на меѓупарламентарната соработка, како и односите меѓу двете земји во економијата и туризмот.

Претседателот на хрватското Собрание беше пречекан со државни и воени почести на свечена церемонија пред законодавниот дом, а средба одржа и со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова на Вила Водно.

Соседна Албанија веќе преговара со ЕУ. 

Инаку, деновиве унгарскиот премиер Виктор Орбан обвини дека за тоа што Македонија не ги почна преговорите не е крива нашата земја, туку ЕУ. 

фото Фејсбук/Африм Гаши

Слично

Поврзани вести