Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанчев за бугарски медиум: Да си оди Мицкоски

Јанчев за бугарски медиум: Да си оди Мицкоски

Апсолутно е нормално да се постави прашањето за промена на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Дојде време за ова прашање затоа што ова се четврти по ред изгубени избори, вели Митко Јанчев, познат член на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалник на Кавадарци кој поради неговите ставови против ова раководство и ставот за референдумот и претходно, веќе беше разрешен од функцијата потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Јанчев вели дека неговата матична партија ги изгуби локалните избори, референдумот, претседателските изборипа сега и парламентарните избори. Изјавата е за бугарската агенција БГНЕС. 

Според него, политичката состојба во земјава е „доста жална“, како за ВМРО-ДПМНЕ, така и за СДСМ, која победи со тесна разлика. 

„Без оглед на разликата, СДСМ јаима победата. Нашата партија падна од 470.000 на 320-340.000 гласови. Дури и околу 300 000. Оваа бројка сама по себе докажува дека нешто не е во ред. Денес на ВМРО-ДПМНЕ му треба единство, кохезија и секој може да работи правилно и слободно “, истакна Митко Јанчев.

На прашањето дали ќе се приклучи на промената на ВМРО-ДПМНЕ, Јанчев категорично одговорил: „О, да, ќе се придружам!“

Градоначалникот на Кавадарци побара што поскоро да се формира влада за да може државата да функционира правилно под сите околности.

Додава и дека воопшто не разбира зошто ВМРО-ДПМНЕ не го признава Договорот за пријателство со Бугарија, како и Договорот од Преспа. 

Слично

Поврзани вести