Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанчев во првиот ред на трибина на СДСМ

Јанчев во првиот ред на трибина на СДСМ

Отворено му се спротивстави на лидерот на партијата Христијан Мицкоски, а во интервју за Фактор тврдеше дека ако ВМРО -ДПМНЕ не ја смени реториката и политиката може да  остави простор за формирање нова партија. Сепак градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев за кој од актуелната власт не штедат на пофални зборови, вчера се појави на партиска трибина на СДСМ во градот со кој раководи. На трибината „На прав пат“ Јанчев седеше во првиот ред.

Додека имаше членови на СДСМ кои стоеја, Јанчев лежерно седеше во столчето. 


Во Домот на културата „Иван Мазов Климе“ се обратија потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, членот на ЦО на СДСМ, Трајан Димковски и вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Спасовски го поздрави Јанчев и рече дека се надева дека граѓаните ќе го следат неговиот пример и ќе се приклучат на „вистинскиот пат“, ако не повеќе, да ги слушнат нивните ставови и мислења.

Јанчев беше номиниран за градоначалник од ВМРО -ДПМНЕ, но тој имаше различен став од партијата за референдумот. Затоа беше разрешен од функцијата потпретседател, а доби и смртни закани. Во ексклузивното интервју за Фактор, градоначалникот Митко Јанчев тврдеше дека не сака да го погази или да го збуни членството, но дека смета дека ако партијата не се вразуми и не ја смени политиката и реториката, се остава простор да се формира нова партија, во која и тој би учествувал. 

Слично

Поврзани вести