Јанчев: Во недела ќе прославиме, а во понеделник ќе почнеме со реализација на програмата
Mитко Јанчев, кандидат за градоначалник на Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека имале позитивна кампања и сигурен е дека Кавадарци ќе продолжи по истиот пат како и овие 4 години.
Вели дека за него советничката листа е многу важна, за да може да го реализира она што е зацртано во програмата.
„Да потврдиме уште еднаш дека Кавадарци и кавадарчани се одлучни. 17 октомври нека биде празник за Кавадарци“, рече Јанчев.
Кажа дека во недела ќе слават, а од понеделник ќе почнат со реализирање на програмата.
Слично
