Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанчев вети изградба на велосипедско-пешачка патека и подземен пешачки премин

Јанчев вети изградба на велосипедско-пешачка патека и подземен пешачки премин

Кандидатот за градоначалник на Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев вети изградба на велосипедско-пешачка патека од два километри од Западен булевар до фабриката Дрекслмаер и проект за проширување на булеварот до фабриката. 

Нагласи дека проектот ќе се реализира во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта.

„За безбедно движење на пешаците и велосипедистите, а ќе се намали и фреквенцијата на возила. Тоа е плус во континуитетот за проширување на влезовите во Кавадарци“, рече Јанчев. 

Јанчев најави и проект за подземен пешачки премин за Западен булевар. Тој рече дека со тоа ќе се подобри безбедноста во сообраќајот. Додаде дека ова се само за дел од проектите, кои ќе придонесат за развојот на општината Кавадарци.

Слично

Поврзани вести