Јанчев вели дека е фаворит бидејќи работел напорно и транспарентно
Kандидатoт за градоначалник во Општина Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев вели дека е фаворит затоа што работел напорно и транспарентно.
Тој во гостување на „Утрински брифинг“ утрово изјави дека се чувствува како фаворит на изборите, затоа што три години работел транспарентно, објективно и напорно. Јанчев вели за да се биде фаворит, само треба да ја работиш својата работа.„За само две и пол години ја исполнивме целата предизворна кампања и наредната година и пол дополнивме со проекти кои произлегоа од урбаните, месните заедници од потребите на градот“, рече Јанчев.
Кандидатот за градоначалник вети дека ќе го издигнат Кавадарци на едно повисоко ниво. Инаку, тој денеска се сретна со претставници на невладниот сектор и вети дека и во новиот мандат за нив ќе има поддршка.
Слично
