Јанчев се заблагодари на партијата и кажа на што ќе се фокусира во следниот мандат
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев денеска на прес - конференција изјави дека по барање на граѓаните се реализирани голем број на проекти, кои не биле дел од програмата.
Тој вели дека довербата од граѓаните му влева сила и ентузијам.
„Вториот мандат и кандидaтура од ВМРО-ДПМНЕ ќе значи продолжување на тенденцијата за развој на општина Кавадарци, како атрактивно место за живеење, стекнување на образование, развој на претприемништвото, и ефикасно управување“, рече Јанчев.
Тој се заблагодари на граѓаните и на матичната партија за укажаната партија ВМРО-ДПМНЕ. Тој кажа дека Кавадарци останува број еден и ќе работи во интерес на општината и граѓаните.
Слично
