ЈАНЧЕВ СЕ ПОФАЛИ: Во Ски-центар Михајлово се гради нова скијачка патека
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, на социјалните мрежи се пофали дека на први јануари следната година ќе биде пуштена во употреба новата скијачка патека во Ски центарот Михајлово.
„„Кожувска Панорама“ новата зимска атракција на Кожув!
Во Ски-центар „Михајлово“ се гради нова скијачка патека долга 1200 метри, на 1400 м надморска височина, заедно со нов ски-лифт и уште две дополнителни ски-стази.
Ова е силен развоен чекор за зимскиот туризам и планинските спортови во нашиот регион. Кавадарци станува задолжителна зимска дестинација.
Пуштање во употреба: 01.01.2026.
Кожуф добива нова зимска енергија“, објави тој.
Слично
