Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈАНЧЕВ ПРОТИВ СУДИИТЕ НА ФФМ: Да се изземат од судење

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈАНЧЕВ ПРОТИВ СУДИИТЕ НА ФФМ: Да се изземат од судење

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев им даде поддршка на фудбалерите од ГФК ТИКВЕШ 1930 АД КАВАДАРЦИ, споделувајќи го нивното официјално соопштение по натпреварот со тимот на Академија Пандев. Тој и лично беше на натпреварот. Обвинуваат за лошо судење.

„Контроверзен пораз на нашиот тим Тиквеш во дуелот со Академија Пандев.

Затоа што од страна на судиите не беше признат очигледниот чист гол на нашите момци. Целиот натпревар беше лошо суден.

Ги прашуваме од ФФМ дали нивните судии не знаат да судат или можеби ,,судат по нарачка" и истовремено ги повикуваме да им се извинат на фудбалерите и навивачите на Тиквеш.

Ваквите судии треба да се изземат од македонскиот фудбал, за да не го уништуваат фудбалот, напиша Јанчев.




По одржувањето клубот извести дека изгубиле поради лошто судење.
„Кавадарчани го креваат гласот против судиските неправди и заштитничкиот однос на федерацијата кон судиите и одредени клубови

Во рамките на 24 коло ГФК Тиквеш загуби во Кавадарци од екипата на Академија Пандев. Загуби – но како ? Загуби и средбата ја заврши со 10 играчи додека цел натпревар гостите од Струмица како да го играа со 15 фудбалери бидејки судиската четворка на оваа средба „истрча во дресовите на пандевци“. Тиквеш загуби од две причини. Или судиите се фудбалски неписмени и не знаат да судат или во државава царува судењето по нарачка.

Истиот судија кој денес судеше во Кавадарци му украде бодови на Тиквеш на гостувањето кај Скопје, истиот судија во минатото коло досуди непостоечки пенал за Шкупи а не досуди чист пенал за Тиквеш. Истиот судија и неговите помошници и денес го извалка амблемот на ФФМ, пишува во соопштениото.

Во него детално се објаснува што се случувало.



„Знаеме дека резултатот не може да смени но сепак бараме оваа судиска четворка више никогаш да не ја дели правдата на натпреварите во кои игра Тиквеш без разлика во која лига. А луѓето од федерацијата ги прашуваме – Ако Тиквеш годинава треба да испадне можеа да кажат уште во првото коло за да не се трошат пари, средства и ресурси и да не ја залажуваат кавадаречката публика. Тиквеш секогаш играл и ке игра чесно и поштено, се заклучува. 

Слично

Поврзани вести