Јанчев: Отидов на трибината „На прав пат“ затоа што се зборуваше за Кавадарци
Митко Јанчев, поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, денеска изјави дека синоќа присуствувал на тринината „На прав пат“ на владеачкиот СДСМ затоа што на истата се зборувало за развојот на Кавадарци.
Градоначалникот на Кавадарци на вчерашната трибина доби и специјален поздрав од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за неговото присуство во првите редови од публиката. Јанчев вели дека така правел и премиерот Зоран Заев кога бил градоначалник на Струмица, одејќи на настани на претходната власт.
-Вчера на трибината беше соопштено дека ќе се гради обиколница околу целиот град, што е од голема важност за сите нас, тоа е стратешки проект за Кавадарци. Ќе се тргнат тешките теретни возила од градот, тоа е голем бенефит за сите. Одобрен е проектот за граничниот премин Пуљевац, што ќе има големо влијание врз локалниот економски развој. Околу гасификацијата, ќе треба да се почека, за што ете, јас лично би упатил критика. И би порачал дека мое како градоначалник е да барам проекти за доброто на нашиот град, без оглед на тоа кој ја води нашата Влада. Недозволиво е да се дискутираат теми од голема важност за функционирањето на градот, а градоначалниците поради партиски причини да не ги следат истите – вели Јанчев за „Фокус“.
Истовремено од ВМРО-ДПМНЕ, каде што Јанчев е исклучен, не сакаат да реагираат тенденциозно и нувниот став е неутрален по ова прашање.
„Секој одговара за себе и треба да е свесен за постапките“, велат од најголемата опозициска партија за ВМРО-ДПМНЕ.
