Јанчев: Не доаѓам на протест!
Митко Јанчев, градоначалникот на Кавадарци, изјави дека денеска нема да учествува на протестот на ВМРО-ДПМНЕ пред македонската Влада.
„На протест нема да стигнам. До 18 и 30 часот имам неодложни градоначалнички обврски кои мора да ги завршам, бидејќи граѓаните ме избраа за тоа, да работам да ги реализирам ветените проекти од нивен интерес“, изјави за Дојче веле Митко Јанчев, запрашан како ќе одговори на поканата од Општинскиот Комитет.
Тој додаде дека општеството мора да се департизира и да следува национално помирување. Верува дека поканата од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци не ја напишале од таму, туку од централното раководство.
Тој вели дека нема да влијае на пратениците во Собранието како да гласаат и смета дека притворените Миле Јанакиески, Кирил Божиновски и Сашо Мијалков нема да бегаат од земјата ако им се даде можност да се бранат од слобода по обвиненијата од СЈО.
Поранепниот подпретседател на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека останува модерен проевропски политичар.
