Јанчев најави уредување на Тиквешкото езеро, марина и набавка на туристички брод
Кандидатот за градоначалник на Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев најави уредување на Тиквешкото езеро, со цел да ги зголемат туристичките посети.
Вели дека овој дел од Македонија има многу природни убавини, и во идниот мандат ќе настојува Кавадарци да биде место кое задолжително мора да се посети. Најави поставување на пчловна марина, но и набавка на туристички брод за да се збогати понудата. Ќе се гради и картинг центар, за обезбедување на забава за младите. Ова ќе се реализира со приватни инвеститори.
Слично
