Јанчев на средба со ГФК Тиквеш: Со овие момци ќе прославуваме големи победи
Кандидатот за градоначалник на Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, имаше средби со спортисти во градот.
„По цели 18 години можеме да кажеме дека денес имавме средба со нашиот прволигаш ГФК Тиквеш. За овие момци ќе слушаме многу, со овие момци ќе прославуваме големи победи. Општина Кавадарци и во наредниот мандат ќе продолжи со голема поддршка за сите спортски клубови. Кавадарци за сите спортисти!“, вели Јанчев.

Тој имаше средба и со KK Спортисимо М18. Поддршката на општината за спортистите продолжува и понатаму.
Слично
