Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈАНЧЕВ ГО ТОКМИ МИХАЈЛОВО: Почна производството на вештачки снег

ЈАНЧЕВ ГО ТОКМИ МИХАЈЛОВО: Почна производството на вештачки снег

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев на социјалните мрежи објави дека ски центарот Михајлово започнал процесот на производство на вештачки снег.

„Покрај слабите природни врнежи, во ски-центарот Михајлово започна процесот на производство на вештачки снег, со што официјално се интензивираат активностите за подготовка на ски-стазата за претстојната зимска сезона. Надлежните служби континуирано работат на терен, следејќи ги временските услови и применувајќи ги сите потребни технички мерки за обезбедување квалитетни и безбедни услови за скијање“, објави тој.

 


Слично

Поврзани вести