Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанакиески: За два месеца се очекува да се заврши обновата на патниот правец Тетово-Јажинце

Јанакиески: За два месеца се очекува да се заврши обновата на патниот правец Тетово-Јажинце

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески заедно со својот заменик Џелал Бајрами, директорот на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски и градоначалниците на општините Јегуновце и Теарце, Тони Коцески и Исен Асани денеска беа кај селото Вратница каде во тек се градежните работи за обнова на магистралниот патен правец Тетово - граничен премин Јажинце.

Како што нагласи Јанакиески, станува збор за еден од најфреквентните патни правци и затоа Владата реши да определи средства за негова реконструкција.

- Согласно потпишаниот договор и динамичкиот план обновата треба да заврши во текот на ноември заради што од следната недела ќе биде ангажиран и поголем број потребни градежни машини и ќе се почне со обновата на патот и од страна на Тетово. Инвестицијата чини околу 2 милиони евра средства од буџетот и се надевам дека за нешто помалку од два месеца конечно ќе го задоволиме барањето на жителите на населените места покрај овој пат што бараат негова реконструкција подолго време, изјави министерот Јанакиески и најави дека следната 2014 година ќе биде година на големи инфраструктурни зафати во Македонија.

Слично

Поврзани вести