Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанакиески ветува – новите автопати ќе донесат работа за 1.000 лица!

Јанакиески ветува – новите автопати ќе донесат работа за 1.000 лица!
Новите автопати Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид ќе значат работа за 1.000 граѓани, вели министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Градежната компанија „Гранит“, која е еден од подизведувачите на двата проекти, денеска објави оглас со кој бара околу 670 работници. „Очекувам наредните денови и другите подизведувачи, а и кинеската компанија да објават повик за поголем број вработени. Ова е добар чекор за да се намали невработеноста во Македонија. Тоа беше една од нашите главни цели“, рече Јанакиески. Според договорот на македонската Влада со кинеската корпорација која е носител на изградбата на двата автопата, најмалку 51% од ангажираните работници мора да бидат од Македонија. Како што објавивме претходно, „Гранит“ во огласот објавен денеска бара работници од најразличен профил и инженери за плата од 9.000 до 24.000 денари. ОГЛАС: „Гранит“ бара работници за новите автопати
Слично

Поврзани вести