Јанакиески смирува: Нема да има отпуштања на патарините и покрај електронскиот систем за наплата!
Иако на патарините долж Коридорот 10 наскоро ќе се воведе електронски систем за наплата, ниту еден од вработените на наплатните рампи нема да остане без работа, уверува министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
„Напротив сите вработени ќе останат на работа и ќе бидат прераспределени на нови работни места“, вели Јанакиески.
Работата на патарините по Коридорот 10 треба целосно да биде заменета со електронски апарати, со ситем на маркички и електронски билети, а за имплементација на проектот е задолжена турската компанија „Аселсан“.
Проектот во целост треба да биде имплементиран во 2016 година и ќе чини 19 милиони евра, од кои 15 се обезбедени од Европската банка за обнова и развој. Властите очекуваат тој да го намали застојот на наплатните рампи.
Слично
