Јанакиески сечеше лента – пушти во употреба локален пат во штипско
Пуштен во употреба е санираниот пат од Штип до селото Љуботен, долг помалку од 2 километра. Црвената лента ја сечеше министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Друштво му правеше градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев.
Како што информирашњ Јанакиески, во земјава се градат шест регионални патни правци во исто време во источна Македонија, а меѓу позначајните е регионалниот пат Радовиш-Конче.
„За наредниот период она што го истакнавме како приоритет за источна Македонија е изградба на автопатот Миладиновци-Штип, потоа реконструкција и проширување на патот Велес-Кадрифаково, а веќе се започнати градежните работи таму“, изјави Јанакиески.
Санацијата на патот Штип - Љуботен чинеше 230.000 евра, а за изведбата на градежните работи беше задолжена фирмата „Гранит“.
Како што појасни Јанакиески, сега се бараат пари и за патниот правец од Штип до Кочани а од 2015 година ќе се направат уште 150 локални патишта.
Според А1он, санираниот пат од Штип до селото Љуботен, веќе беше еднаш пуштен во јули годинава, од страна на градоначалникот Захариев.
Слично
