Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанакиески се враќа во Шутка, притвор за седум други

Јанакиески се враќа во Шутка, притвор за седум други

Триесетдневен притвор за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште седум други осомничени во најновата истрага на Обвинителството за организиран криминал која се однесува на злоупотреби со оттуѓување на државно градежно земјиште. Судија на претходна постапка го врати Јанакиески во затворот во Шутка, а по сослушувањето, синоќа, притвор им е одреден и на Димитар Димовски, вработен во министерството за транспорт и член на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ и Дејан Митревски претседател на општински комитет на партијата  во Аеродром. За две осомничени Кривичниот суд определил мерки на претпазливост .

„Постапувајќи по предлогот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Основниот кривичен суд во Скопје го прифати предлогот на Обвинителството и им определи мерка притвор на лицата: М. Ј., А. Ј., Е. Р., М. Ј., Д. Д., В. С., Д. М., и Л. С. На лицата Б.Д. и С.К. им определи мерки на претпазливост. За М.Ј. и Е.Р. се исполнети условите од точка 1 и 2 опасност од влијание, а за останатите осомничени, сите 3 точки“, стои во соопштението од Кривичниот суд.

Против овие решенија осомничените имаат право на желба.

Меѓу уапсените е и државниот правобранител, Емилија Радојкова, вработена во Катастар, нотари и бизнисмен.

Миле Јанакиески и останатите функционери кои вчера беа уапсени и спроведени во судот распродавале градежно земјиште против државните интереси и предизвикале штета на Буџетот во вкупен износ од 162.644.745,00 денари или 2.647.802 милиони евра.

Сите детали за случајот овде.

Слично

Поврзани вести