Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанакиески се колне дека нема сметка во странство

Јанакиески се колне дека нема сметка во странство

Адвокатот на поранешен министер за транспорт и врски Миле Јанакиески пред новинарите пренесе порака дека притворениот се колне дека нема банкарска сметка во странство.

„Ако имам сметка надвор од Македонија, потпишувам веднаш доживотна казна затвор. Така порачува...“, рече Бранко Миланов, адвокатот на Јанакиески, по завршувањето на рочиштето за случајот ТНТ.

Јанакиески е притворен пред два дена веднаш откако поранешниот премиер Никола Груевски објави дека е во Унгарија, а СЈО во барањето до судот навело дека има сознание дека тој имал банкарска сметка во странство и според тоа си обезбедил бегство.


Слично

Поврзани вести