Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанакиески, Ристовски, Атанасовски и Вељаноски бараат стотици сведоци, Рускоска се сомнева во одложување

Јанакиески, Ристовски, Атанасовски и Вељаноски бараат стотици сведоци, Рускоска се сомнева во одложување

Обвинетите во судењето за организирање на крвавите настани вна 27 април во Сопбранието - поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски на денешното рочиште, кое патем се одложи за 26 февруари, побараа да бидат повикани стотици сведоци.

Според обвинителката Вилма Рускоска тоа е тактика на одбраната за да се одложува судскиот процес кој само што започна.

Јанакиески, Ристовски и Атанасовски се во куќен притвор, додека Вељаноски е под имунитет. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. 

– Лично сметам дека ова е само во насока на одложување на постапката, изјави Русковска по завршувањто на денешното рочиште.

Таа посочи дека одбраната со последните дополнителни поднесоци имаа побарано да им се прифатат по околу 300 сведоци од обвинет, додавајќи оти смета дека Судот не треба да ги прифати, без при тоа да се наруши правото на одбрана.

Адвокатот Јордан Апостолски ги негираше тврдењата на Русковска дека бранителите предложиле по околу 300 сведоци од обвинет, посочувајќи дека за неговиот клиент се предложени десетина сведоци.

Обвинителката Вилма Русковска апелираше судијата да размисли кого ќе прифати од предложените.

„Самите обвинети признаа дека сите докази им се дадени од страна на обвинителството скенирани, освен цедињата во електронска форма кои ни беа пратени од мобилните оператори за дојдовни и појдовни повици од нивните телефонски броеви, но од друга страна, од податоците на операторите е изготвена анализа, а таа беше дадена на одбраната со завршување на истрагата. Сметам дека ова е одолговлекување на одбраната“, рече Рускоска.


Слично

Поврзани вести