Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанакиески: Продажбата на државно земјиште за 1 евро ја намали невработеноста

Јанакиески: Продажбата на државно земјиште за 1 евро ја намали невработеноста
Продажбата на државно неизградено земјиште за изградба на индустриски комплекси ја намалува невработеноста во Македонија, уверен е министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Со владината мерка со која земјиштето на инвеститорите им беше понудено по почетна цена од 1 евро за квадратен метар, вкупно 1.541 парцела доби нов сопственик и на нив веќе се планира изградба на нови индустриски објекти, информираше Јанакиески, кој денеска ја посети мини-индустриската зона кај гостиварско Зубовце. „Мерката која ја воведовме пред три години ги даде своите ефекти. Со неа е озвозможено да се изградат објекти на над три стотини локации. Целта беше да се вработат нови луѓе и да се намали невработеноста“, рече министерот. Во Република Македонија, 45 општини имаат право да отуѓуваат државно земјиште, а на дел од локациите земјиштето го продава државата.
Слично

Поврзани вести