Јанакиески подготвил банкарска сметка во странство
Миле Јанакиески поседувал банкарска сметка во странство преку која сакал да си го олесни бегството од органите на прогонот во Македонија, објави Телма.
Ова било наведено како еден дел од образложението во документот со кој Специјалното јавно обвинителство бара итен притвор за поранешниот министер за транспорт и врски по бегството на екс-премиерот Никола Груевски во Унгарија.
Во службената белешка пишува дека СЈО има информации и дека Јанакиески преку посредник барал амнестија од претседателот Ѓорѓе Иванов, кој го одбил бидејќи немал намера да се меша во одлуките во судот. Обвинетиот во неколку истраги на СЈО, пред Иванов рекол дека има намера да бега, доколку не добие амнестија.
Јанакиески беше притворен истиот ден кога Груевски објави на Фејсбук дека е во Будимпешта и дека бара азил.
