Јанакиески оди во домашен притвор, што одлучи судот за Спиро Ристовски?
Поранешниот министер Миле Јанакиески е пуштен во домашен притвор.
„Жалбата на М.Ј. се уважува, па мерката притвор се заменува со мерка куќен притвор во траење од 30. дена“, стои во соопштението од Судот.
За разлика од него, поранешниот министер Спиро Ристовски останува во притвор во Шутка.
„Жалбата на С.Р. се одбива како неоснована“, стои во соопштението на Судот.
Припадници на кумановската група кои упаднаа во Диво насеље пред неколку години, ги нападнаа вчера екс министрите.Случајот го испитуваат надлежната полициска станица и Народниот правобранител. По инцидентот директорот на затворот во Шутка, Ѓоко Котевски си даде оставка.
Екс министрите беа приведени како осомничени дека го организирале „крвавиот четврток“.
Слично
