Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанакиески: Имам многу прашања за Тони, ако сакате да ми ја скинете само мене главата - повелете

Јанакиески: Имам многу прашања за Тони, ако сакате да ми ја скинете само мене главата - повелете

Миле Јанакиески, обвинет во случајот ТНТ, бара постапката да не се раздвојува, а судењето да продолжи за него, Никола Груевски и Елизабета Најдовска. На обвинителот Рустеми му порача дека ако Обвинителството сака да му ја скине главата, односно само тој да одговара, тогаш да го направи тоа.

„Целта на едно судење е да се дознае вистината. Јас немам отсуствувано на ниту едно рочиште. Ако Обвинителството смета дека треба само јас да одговорам за овој предмет, тогаш нека се одвои постапката. Дајте му простор на адвокатот на Тони Трајковски да му се јави и да зборува дали тој ќе може да дојде и да вети дека ќе дојде на утршното рочиште. Јас не знам дали поротникот има мандат или не. Ако Тони се издвои од овој настан нема да се дознае вистината. Јас имам многу прашања за Тони. Ако Обвинителството има цел да му ја скине главата на Миле Јанакиевски, повелете“, рече Јанакиески.


Слично

Поврзани вести