Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанакиески им додели клучеви од станови на семејства од социјално ранливи категории

Јанакиески им додели клучеви од станови на семејства од социјално ранливи категории

Вкупно 91 семејство од социјално ранливите категории во Штип, денеска ги добија своите клучеви од станови во штипската населба Сењак. Им ги додели министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Овие семејства повеќе од една година чекаа да завршат жалбените постапки во Управниот суд, поднесени од кандидатите кои не добија станови, за да можат да се вселатво нов дом.

„Знам дека долго го чекавте овој момент, но знаете дека мора да се почитува Законот. Во Битола уште не се доделени клучевите затоа што постои спор за уште еден стан, но Законот мора да се почитува. Еве дојде и тој ден, денес сите вие да добиете кров над глава, и со ова решавате многу важен егзистенцијален проблем. Нека ви е честито и да се радувате со вашите најблиски“, рече Јанакиески.

Штипскиот градоначалник Илчо Захариев истакна дека очекува станарите да се грижат за своите станови, но и за самиот објект. Според него, ова е голем и радосен ден за 91 семејство од Штип кои што конечно добија свои домови. Повеќето од семејствата кои се вселија во нов стан, до сега живееле под кирија или во несоодветни услови.

Слично

Поврзани вести