Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанакиески и Јанушев организирале чартер-летови за гласање

Јанакиески и Јанушев организирале чартер-летови за гласање



Од денешните нови „бомби“ кои се слушаат на судењето за случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности во 2013-та може да се слушне како поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и актуелниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНР, Игор Јанушев, организираат чартер-летови за дијаспората за да бидат овозможени повеќе гласови.
Во „бомбите“ инаку доминираат разговори како да се победи во општина Центар со гласови од Македонците во Пустец, односно Мала Преспа.

Во разговор со соговорник од Ресен, Јанакиески вели дека е против жителите од Мала Преспа да гласаат во Центар зошто ќе избие скандал.

“Подобро е во Центар да гласаат овие од Кавадарци, Неготино, овие од Мала Преспа не знаат да зборуваат Македонски, вели Јанакиески. Според него, доведените гласачи ќе бидат препознаени по изгледот дека не се од Центар.

Но соговорникот го поправа па му вели: “Не е точно, сите се Македонци и зборуваат поубаво македонски од оние во Кавадарци и Неготино. По литературно зборуваат од Стојан Андов, му вели соговорникот на Јанакиески, но додава дека и тој е против да гласаат зошто биле испечени од сонцето, па ќе ги препознаеле дека не се од Џентар.

“Јас да сум од СДСМ ќе направам скандал, ќе го прекинам гласањето”, му вели соговорникот на Јанкиески, на што тој се согласува.

Во „Титаник“ обвинети се 21 лице, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.



Слично

Поврзани вести