Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанакиески и Божиновски планирале бегство, велат институциите

Јанакиески и Божиновски планирале бегство, велат институциите

Обвинителката Лиле Стефановска, која работи на случајот „Титаник“, денеска изјави дека поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и екс-генералниот секретар на поранешната влада Кирил Божиновски планирале бегство и затоа вечерта се притворени. Нивното притворање го најави и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој синоќа во емисијата „Само Вистина“ рече дека се следи ситуацијата со Јанакиески и Божиновски по бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија. Токму поради овие причини СЈО побарало мерка притвор.

„Не само Груевски, кој на очиглед на целата јавност и сите институции побегна, туку и Јанакиески и Божиновски планирале бегство на ист начин. СЈО бараше притвор уште кога го поднесе обвинението, истакнувајќи дека постои опасност од бегство. Но, судот тогаш одлучи на обвинетите да им определи поблаги мерки. Во обвинението за изборните нерегуларности не постои дејствие кое е извршено, а да не е обвинет Никола Груевски. Сите докази се докази во целина и не е целисходно да се раздвои постапката. Затоа бараме на Груевски да му се суди во отсуство“, рече обвинителката Стефанова.

Дополни дека ќе се бара иста мерка за сите останати за кои има сознанија дека планираат да побегнат од спроведувањето на правдата на ист начин како и Груевски. За осудениот бегалец Стефанова побара од судот да му се суди во отсуство, оти, како што рече, постапката не може да биде раздвоена, бидејќи Груевски е организаторот на целата криминална група.


Слично

Поврзани вести