Јанакиески и Божиновски остануваат во притвор
Миле Јанакиески и Кирил Божиновски остануваат во притвор, соопшти Апелациониот суд.
„Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје, по одржаните јавни седници од 26.11.2018 година, на ден 27.11.2018 година донесе одлуки со кои жалбите на обвинетите М.Ј. од С. и К.Б. од С., изјавени преку нивните бранители ги одби како неосновани и ги потврди решенијата на Основниот суд Скопје I Скопје, со кои на обвинетите им е определена мерка притвор, стои во соопштението од Судот.
Слично
