Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанакиески дојде на суд, ама судењето за „Топлик“ никако да почне

Јанакиески дојде на суд, ама судењето за „Топлик“ никако да почне

Уште едно одложување на судењето за случајот „Топлик“ каде обвинет е екс  министерот за транспорт Миле Јанакиески.

Јанакиески се појави на суд, но бранителите кои застапуваат дел од обвинетите не дојдоа па тоа беше причината ова судење да не започне.

30 јануари е датумот кога ќе има нов обид за повторно почнување на судењето.

За што се сомничи поранешниот прв човек на транспорт и врски?

„Топлик“ е случај кој се однесува за период од 2007 до 2013 година, во кој првоосомничен е високо раководно лице од Министерството за транспорт и врски и пет лица членови на комисијата од ова Министерство за спроведување јавни набавки.

Комисијата при ова министерство заедно со првоосомничениот успеале да го оштетат Буџетот за 64.206.839 денари или милион и 44 илјади евра.

Откако Комисијата за спроведување јавни наддавања го информирала првоосомничениот дека не се исполнети условите за јавно наддавање за продажба на земјиште за изградба на Сончев град, истиот составил нова комисија за со нив ја реализира продажбата на земјиштето, појасни Фетаи.

Комисијата, по само еден ден од нивното формирање, иако знаеле дека не се исполнети условите за јавно наддавање пуштиле оглас за јавно наддавање до весниците „Дневник“, „Вечер“, „Вест“, „Financial times“.  Јавното наддавање е спроведено на 14.05.2007 година. 

Веднаш потоа првоосомничениот иако бил свесен дека министерството не може да ги исполни договорените работи склучил договор со „Сан сити“ ДОО .

Овој договор на 20-ти јуни, по само шест дена бил раскинат, бидејќи правното лице „Сан сити“ токму поради недостатоците на кои укажала првата комисија увидело дека не може да ги изведе договорените работи.  

Затоа Министерството го вратила првичниот влог на претпријатието во износ од 223.970.000 денари главен долг, и одлучило да исплати затезна камата од 64.206.839 денари или 1.440.000 евра, за кој износ е оштена Македонија.

Слично

Поврзани вести