Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанаки Митровски: Oдлуката за прифаќање на гаранција за Стефан Богоев има две димензии

Јанаки Митровски: Oдлуката за прифаќање на гаранција за Стефан Богоев има две димензии

Oткако судот ја прифати гаранцијата на екс директорот на Царина, Стефан Богоев и тој си замина од затворот Шутка дома, адвокатот Јанаки Митровски објасни дека оваа одлука има две димензии. 

„Мимо импликациите за политички прогон, одлуката за прифаќање на гаранција за Стефан Богоев има две димензии. Првата дека како бранител СЕКОГАШ ќе сметам дека притворот е екстремна и последна мерка, а не прва како нашата негативна пракса. Втората димензија е дека одлуката е НЕЗАКОНСКА. Гаранцијата е законски недозволена кога има отворена истрага бидејки постојат законски пречки во смисла на член 165 став 1 точка 2( отворена истрага, можност да се влијае на истата) Гаранција се поднесува и прифаќа исклучиво да се огстранат условите од член 165 став 1 точки 1 и 3 (опасност од бегство, повторување на делото). Богоев е само последен од серија политички и финансиски моќни (Пуцко, Ѓаол итн) за кои или ОЈО ГОК или одделението на претходна постапка при Кривичен прават лупинзи за да ги вадат од притвор. За плебсот вакви НЕЗАКОНСКИ привилегии нема. Гаранција од 500.000 евра не прифаќаа за 28 годишен обичен смртник, ама затоа прифатија гаранција од 55.000 евра. Гази правдата во Северна!!!! П.С. Да бидам кристално јасен, алармирам на двојни аршини на ова одделение, кои не ги ни кеијат, Богац и другарите секако нема да лежат!!“, пишува тој. 


Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба со понудена гаранција на осомничениот ексдиректор на Царинската управа Стефан Богоев, донесе решение со кое ја уважи жалбата и ја прифати понудената гаранција.

Определената гаранција се состои од готови средства во износ од 55.000 евра, во денарска противвредност во корист на Македонија, а кој износ се депонира како гаранција за обезбедување на присуството на осомничениот во понатамошниот тек на постапката, соопшти судот.

На осомничените им се ставаат на товар кривичните дела Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, Примање награда за противзаконито влијание и Давање награда за противзаконито влијание, извршени во периодот од јули 2023 до март 2024 година.

Слично

Поврзани вести