Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јана Белчева без СДСМ на овие локални: Носител на независна листа за Центар

Јана Белчева без СДСМ на овие локални: Носител на независна листа за Центар

Шанса за Центар, така е насловена иницијативата на Јана Белчева Андреевска која најави дека од утре ќе почне да собира потписи за независна советничка листа за оваа скопкса општина. Белчева е од СДСМ и самата беше претседателка на Советот на општина Центар околу 2, 5 години, пред да си даде оставка. Таа ќе биуде носителка на независната листа слично како што во 2017 година беше носител на советнилчката листа на СДСМ која освои најмногу мандати.

„Шанса за Центар“ е граѓанска иницијатива која произлезе од поврзување на „Здравје пред профит“ со активисти и експерти од областа на архитектурата, урбанизмот, животната средина, спортот, култура и други области, кои сакаат да го спречат натамошното уништување и да се вложат за подобрување на квалитетот на живот во општина Центар. Најважните заложби на „Шанса за Центар“ се потребите на граѓаните. Нивното право на чист воздух. Нивното право на безбедно и достоинствено урбано живеење. Учество во работата на општината!, стои во најавата.

Белчева Андреевска си поднесе оставка во мај лани поради несогласувања со градоначалникот Саша Богдановиќ.


Собирањето граѓански потписи за поддршка на независни кандидатури за градоначалници и за советници почнува од понеделник и ќе трае до крајот на овој месец. Според важечките правила во Изборен законик, во зависност од бројот на жители на одредена општина, треба да се соберат од 100 до 450 потписи.

За Центар, како општина со над 45 илјади жители, ќе треба да се соберат 250 потписи, за да бидат избрани 23 советници.


Слично

Поврзани вести