Јан Коп отиде кај Али Ахмети и му кажа дека Македонија не влегува во ЕУ со ваква корупција
Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп објави фотографија од заедничка средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на која му било кажано дека со вакво ниво на корупција и владеење на правото, Македонија да не очекува влез во Европската унија.
Дипломатот му рекол на Ахмети и дека не смее да има политичко мешање во изборот на претседател на Врховниот суд. Според фотографијата, средбата била во партискиот кабинет во седиштето на ДУИ.
„Амбасадорот Дирк Јан Коп се состана со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за да ја пренесе пораката дека по двегодишниот постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е во ризик низ политичкиот спектар.
Исто така, непотребното политичко влијание врз позицијата на Претседателот на Врховниот суд, што е судско прашање, е неприфатливо и ќе добие силна реакција од Холандија“, напиша Јан Коп по средбата.
Во моментов членови на Судскиот совет вршат притисок да биде променета претседателката на Врховен суд, Беса Адеми, под наводна утврдена неодговорност.