Јан Фрчкоски се повлекува од функцијата во СДСМ
Јон Фрчкоски објави дека се повлекува од функцијата прв човек на Центарот за истражување на СДСМ.
Ваквата одлука следува по објавеното видео од канцеларија, за кое инфлуенсери од власта тврдат дека тој користи кокаин.
Фрчкоски објави дека не сака повеќе да биде товар за својата партија и дека снимката е злоупотребена од деновите од младоста.
„Ниско и нечовечно е да се дефокусира јавноста за катастрофалниот начин на којшто се води истргата за трагедијата во Кочани во која згаснаа животите на 59 луѓе. Тоа зборува за ДПМНЕ но јас нема да дозволам да бидам месо за јавен линч. За грешките од минатото и слабостите во младоста не се гордеам, но нема да бидат товар за СДСМ, партијата којашто ги разоткрива сите криминали на ДПМНЕ. Од морални причини се повлекувам од позицијата Директор на Центарот за истражување и анализи на СДСМ.
Фала на семејството и пријателите за поддршката во целава гнасна хајка во која ме втурнаа платениците на ДПМНЕ“, објави Фрчкоски.
Слично
