Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јакуповиќ: По изборите создадеме вистински еднакво општество

Јакуповиќ: По изборите создадеме вистински еднакво општество

Активистот Един Јакуповиќ за денешните локални избори за Фактор вели дека поминале во мирна и фер атмосфера, а по нив очекува создавање на еднакво општество за сите граѓани, како и одговорност за тие кои се огрешиле пред законот.

„Изборите поминаа во фер и демократска процедура со мали очекувани неправилности, јас како борец за човекови права и дел од тогашниот опозициски фронт и на овие избори гласав за коалицијата предводена од СДСМ бидејки сметам дека ова е период во кој треба да се вратат демократските принципи и начела како и правната држава. Убеден сум дека ќе успеам во својата намера Р. Македонија да биде вистински еднакво општество за сите граѓани. Не велам дека во овие месеци немаше грешки од новото парламентарно мнозинство, затоа за многу бргу ќе почнеме да ги очекуваме првите поголеми позитивни промени и секако она што е најважно за граѓаните на Македонија, тоа е одговорност за своите Злодела од страна на режимот. Им честитам на сите кандидати и учесници  на локалните избори бидејки покажаа единство и вистински демократски вредности. Иако прерано, ќе си дозволам да му честитам на СДСМ и коалицијата за победа на локалните избори“ изјави Јакуповиќ за Фактор.

Тој упати честитки до кандидати за градоначалници од СДСМ уште пред официјализирање на резултатите бидејќи прикажале демократски вредности од кои треба да учат останатите политички субјекти.


Слично

Поврзани вести