Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јакуповиќ: Осомничениот актер со години сееше омраза

Јакуповиќ: Осомничениот актер со години сееше омраза

Не стивнуваат реакциите по вчерашниот бојкот на претстава во МНТ  откако актерската екипа на „Ничија земја“ одби да игра во знак на солидарност за притворот на актерот Владо Јовановски. Со своја реакција се јави и актерот Един Јакуповиќ кој не се согласува со ваквата постапка на колегите.

„За сцената што живот значи! Неможам да да го премолчам атакот врз моите колеги, иако не се согласувам со нивната одлука, да ја бојкотираат изведбата на вчерашната театарска претстава. 

Зошто не!? Затоа што осомничениот актер години наназад во општеството наместо единство и соживот сее исклучиво омраза и дискриминација, онаа фашистичка етничка дискриминација, спротивно на сите етички, морални и професионални норми.

На моите колеги кои го оправдуваат чинот на осомничениот Јовановски им посакувам никогаш да не им се случи оваа фотографија“ порача Јакуповиќ.


Слично

Поврзани вести