Јаковлевски за Фактор 24: Груевски мисли дека без него партијата и државата не може да постои
Во Фактор 24, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, Гојко Јаковлевски изјави дека Никола Груевски мисли дека без него партијата и државата не може да постои.
Јаковлевски вели дека во реалоста тоа не е така.
„Јас мислам дека е најдобро да се направи еден конгрес, откако Никола Груевски ќе се повлече, од лидерството на партијата, и целата гарнитура да се повлече и после некое време да се направи еден конгрес и да се зборува за обединувањето на тие партии кои отпаднаа од ВМРО-ДПМНЕ, Љубе Бошкоски, Љубчо Георгиевски и да се избере ново раководство и на тој начин може да биде спасена партијата“ - вели Јаковлевски.
Тој вели дека многу од оние кои се споменуваат како можни наследници на Груевски се послушници.
Јаковлевски додава дека мора да завладее закон и ред, и да се расчисти со корупцијата и криминалот.
Фактор 24 е политичко економски магазин во изработка на веб порталот Фактор.мк.
