ЈАКИМОВСКИ ЖЕСТОКО РАСПАЛИ ПО МИЦКОВСКИ: Да го прашаме претендентот за власт - на колку години ја стекна првата хидроцентрала
Градоначалникот на општина Карпош и некогашен коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Стевче Јакимовски, во изјава за медиумите, жестоко распали по лидерот на таа партија, Христијан Мицкоски.
„Да го прашаме претендентот за власт во земјава, Христијан Мицкоски, на колку години тој ја направи првата хидроцентрала. Дали тоа беше пред да биде советник во Владата на Груевски, дали беше пред да биде директор на ЕСМ, или ја направи првата хидроцентрала откако стана директор на ЕСМ. Да немаме забувам, во опис и попис на директорот на ЕСМ стои да гради ХЕЦ, да овозможува производство на електрична енергија, но да гради ХЕЦ за државата и за народот, а не за себе. Во конкретниот случај тој има градено за себе и мислам дека е легитимно да му го поставиме прашањето на колку години тој стекна таков милионски имот“, рече Јакимовски во изјава за медиумите.
