Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈАКИМОВСКИ ВО ОТВОРЕН КОНФЛИКТ СО ВМРО-ДПМНЕ: Обвинува за намерна саботажа на бројни проекти

ЈАКИМОВСКИ ВО ОТВОРЕН КОНФЛИКТ СО ВМРО-ДПМНЕ: Обвинува за намерна саботажа на бројни проекти

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска информираше дека многу проекти на општината нема да се реализираат, поради, како што кажа однесувањето на советниците на ВМРО - ДПМНЕ кои гласале против сите субвенции кои досега ги давала општина Карпош.

Јакимовски информираше дека поради опструкциите од „советниците на ВМРО-ДПМНЕ и нивната дружина“ на последната седница на Советот на Општина Карпош не беа изгласани бројни проекти од програмите за работа на општината за 2024 година кои предвидуваа поддршка за младите во општината, меѓу кои и проектот кој предвидува субвенционирање на обука за полагање на возачки испит.

- Обврската на градоначалникот советниците и вработените во општината е да дадат поддршка на проектите на граѓаните и да се радуваат ако има среќни и задоволни граѓани. Општина Карпош во изминативе 12-13 години се потруди да дава поддршка на сите категории на граѓани. На пензионери, на младинци, на средношколци, на студенти, ученици, на децата од предучилишна возраст, на новороденчињата. За жал, има луѓе во општинскиот совет кои не сакаат да гледаат среќни и задоволни луѓе. Тие се чувствуваат несреќни ако друг е среќен. Па затоа се обидуваат или да им ја рѓосаат среќата или да им ја украдат. Е такви се советниците на ВМРО-ДПМНЕ и нивната дружина кои ја украдоа среќата на средношколците. Драги млади луѓе нема повеќе субвенции за возачки дозволи. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против овие субвенции - рече градоначалникот Јакимовски на конференцијата за медиуми и додаде:

„Жал ми е што морам да соопштам дека не запреа тука. Нивното изживување продолжи и врз најмладите жители на Карпош, децата од предучилишна возраст.
Гласаа против цветното дефиле, кој секоја година традиционално го прават дечињата од градинките. Ја укинаа и прекрасната манифестација „Карпош има талент “, се изјасни против и детската ликовна колонија, детските литературни конкурси, изложби, и како круна на се, тие се против прогласување на заслужни граѓани“.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска се огласија по соопштениетона Јакимовски, и посочија дкеа тој е продолжена рака на Ковачевски, и дека дава амин за бетонизација на Алумина.

- 600 милиони евра за „Пуцко Петрол“, семејна фирма на Исмаил Јахоски, пратеник од коалицијата СДС – ДУИ преку бетонизација на Алумина во режија на Стевчо Јакимовски.

Јакимовски е испостава на власта и „Пуцко Петрол“ за реализација на милионскиот бизнис. За 600 милиони евра ќар за фирма на луѓето од власта, кој треба да го обезбеди Стевчо Јакимовски преку ДУП-от кај Алумина со кој се предвидуваат кули и до 35 ката ќе се блокира цел Карпош. Тафталиџе ќе се претвори во тесно грло, како инфраструктурно, со целосен сообраќаен хаос, а за паркинг места да не дискутираме воопшто.

За газдата на „Пуцко Петрол“, чиј татко е пратеник на коалицијата СДС – ДУИ да стави над 600 милиони евра во џеб Стевчо Јакимовски не штеди зборови за напад кон ВМРО-ДПМНЕ. Урбаното и хумано живеење се менува за бетон и асфалт за фирмите блиски до власта да профитираат. Стевчо Јакимовски е само параван на Ковачевски, кој треба да го истурка спорниот ДУП и да стави потпис за уништувањето на Карпош - посочија од ВМРО ДПМНЕ. 

Од друга страна и градоначалникот на Карпош имаше што да каже за советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

- Жал ми е што морам да соопштам дека ВМРО-ДПМНЕ независните и останатите нивни
соработници со ова не удираат по мене како градоначалник, туку врз сите
граѓани, а посебно врз младите. Јас имам положено возачки испит, а и моите
синови и снаи, ниту пак има осмооделенец за стипендирање, сите овие луѓе кои
добиваат поддршка од општината не ги познавам. Оваа деструктивност, изгубеност,
безидејност, на ВМРО-ДПМНЕ нашироко се манифестира не само во Карпош туку и во
градот Скопје. Смешни се изговорите за бетонизации и згради зашто во изминатиот
период гласаа и против урбанистички планови каде има само куќи - изјави
градоначалникот на Карпош.

Фото: Принтскрин/Јутуб

Слично

Поврзани вести