Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јакимовски стана градоначалник, Богоев му порача да води сметка за урбанизмот и зеленилото

Јакимовски стана градоначалник, Богоев му порача да води сметка за урбанизмот и зеленилото

Општинската изборна комисија миденеска на Стевчо Јакимовски му го врачи уверението за градоначалник на општина Карпош, заедно со советниците од Советот на општината. Примопредавањето го направи стариот раководител на општината, Стефан Богоев, кој му порача на претседателот на ГРОМ да води сметка за планската урбанизација и зеленилото во Карпош.

„Се надевам дека при работењето: урбанизацијата ќе продолжи да биде планска и хумана и ќе се води сметка за заштита на јавниот простор, општината ќе продолжи со домаќинското работење, а не со создавање на нови долгови; заштитата на животната средина, зголемувањето на зеленилото и јавната хигиена ќе останат приоритети“, напиша меѓудругото Богоев.

Тој му порача на Јакимовски да ги продолжи проектите за обнова на „Партизан“ и изведба на паркот спроти Карпош 4, а ДУП-овите да се креираат со вклученост на сите засегнати страни.

Богоев додаде дека се надева уште и дека ревизорските извештаи нема да констатираат криминално работење и неодговорно трошење на парите на граѓаните.


Слично

Поврзани вести