Јакимовски: Службеничката што ја издаде умреницата била шивачка со средно шумарско
Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски во емисијата „Студио 10“ претпладнево упштаи критики за трупањето со несоодветни кадри во администрацијата и јавниот сектор, откако вчера пред јавноста покажа документ, на кој неговиот син наместо венчаница, добил умреница.
Градоначалникот на Карпош, за вработената од матичната служба, која вчера ја објави со име и со презиме,во студиото рече дека имала крајно несоодветно образование за таа работа.
„Била шивачка, а претходно работела како касиерка. Во 2018 добила диплома за средно шумарско. Претхопдно имала само три години средно. Што бара во администрацијата со такво школо. Човек со работни навики ваков пропуст не може да направи“, рече Јакимовски.
Синот на Јакимовски дознал дека добил умреница дури откако отишол кај преведувач за да го верификува меѓународно документот.
„Претпоставувам дека е ненамерно, ама гледате ли што правиме со нашата неодговорност и неселктивност, кого бутаме во администрација. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кога се во опозиција ја критикуваат администрацијата и јавниот сектор, а таму се нивни луѓе вработени. А како е можно на илјадници „правници“ вработени насекаде, да не може да се најдат истражители за Обвинителството“, додаде Јакимовски.
