Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈАКИМОВСКИ ПО ПРЕСУДАТА: Ако мене како јавна личност, ми се случува ова, што ли се случува со кутрите луѓе низ судските лавиринти?

ЈАКИМОВСКИ ПО ПРЕСУДАТА: Ако мене како јавна личност, ми се случува ова, што ли се случува со кутрите луѓе низ судските лавиринти?

По пресудата со затворска казна од три години и шест месеци, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, реагираше со тврдење дека се работи за политички мотивиран процес со цел негово отстранување од јавниот живот. 

Тврди дека е невин, а обвиненијата се однесуваат на наводна незаконска легализација на времени објекти, што според законот е дозволено само за цврсти градби.

„Се прашувам кога мене како јавна личност, ми се случува ова, што ли се случува со кутрите луѓе низ судските лавиринти? Осуден сум зошто сум ја направил баракава и онаа другата, а во проектот стои изградба на монтажно-демонтажна барака, тие се времени објекти, а за времен објект имаме одлука на совет, а за времен објект не може да се гони кривично. Обвинителството се послужи со фалсификат кој го докажавме со вештачење. Обвинителката се држи како давеник на сламка дека тие во 1987 година се поставени како времени објекти, а оттогаш до 2013 година? Што се случувало? Го изгубиле статусот на времените објекти, не им се продолжиле дозволите ни на објектите ни на земјиштето под закуп. Овие објекти стануваат бесправни. Сите се видоизменувани, доградувани со многу квадрати. Ние не сме сами во оваа постапка, учествуваше и геометар. Сите овие објекти се означени како дивоизградени, а обвинителот тврди дека се времени објекти, а никаде нема во историјатот на Катастарот“, рече Јакимовски.

Јакимовски доби затворска казна од три и пол години за злоупотреба на службената положба и бесправно градење. За истото дело, поранешен вработен во општината доби условна казна од две години. Пресудата е сè уште неправосилна, а Јакимовски најави жалба, тврдејќи дека е невин уште од самиот почеток на постапката.

Слично

Поврзани вести