ЈАКИМОВСКИ ОД ТЕТОВО: Имаме претседателски кандидати кои предлагаат бришење на Македонците и правење граѓански Устав
Кандидатот за претседател на коалицијата Храбро за Македонија, Стевчо Јакимовски денеска од Тетово со средба со граѓани ја почна кампањата за изборите.
Јакимовски посочи дека го слушнал проблемите на граѓаните и нивното незадоволство од досегашната ситуација во државата.
„Со граѓаните на Тетово разговаравме за нивните секојдневни проблеми, секако најголемиот проблем претставува тоа што нивните деца бегаат надвор од Република Македонија и бараат подобар жкивот и заеднички констатиравме дека е тоа резултат на лошо средена Република Македонија. Не е тоа толку до сиромаштијата колку до лошиот правен систем, тоа е уште една причина зошто на највисоко ниво како кандидати треба да разговараме. Јас сум запрепастен како е можно кандидатите за претседател да немаат ниту една дебата. Имаме претседателски кандидати кои предлагаат промена на Устав, имаме претседателски кандидати кои предлагаат бришење на Македонците и правење граѓански Устав, значи се обидуваат да направат тектонско пореметување на уставниот и политичкиот живот на Република Македонија“, порача Јакимовски.
Кандидатот на коалицијата „Храбро за Македонија“ посочи дека некои од кандидатите бегаат од дебати затоа што очигледно сакаат да скријат нешто од јавноста.
